Русија го утврди составот на својата делегација за трилатералните разговори со Украина и САД во Абу Даби, кои се закажани за следната недела.
Во делегацијата се наоѓаат Владимир Медински, соработник на претседателот Владимир Путин, замениците-министри за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и шефот на военото разузнавање (ГРУ – Главна управа на Генералштабот), Игор Костјуков, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Дел од делегацијата е и генерал-полковник Јуриј Жигарловски, кој служи во Генералштабот на вооружените сили на Русија и е член на Научниот совет при Советот за безбедност на Русија.
Песков додаде дека во Обединетите Арапски Емирати ќе патуваат и други високи дипломатски и воени претставници.
Трилатералните разговори треба да се одржат на 10 и 11 ноември.




