Федералното истражно биро (ФБИ) го уапси Томас Маркл Постариот, отуѓениот татко на Меган, војвотката од Сасекс, под обвинение за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, вклучително и фотографии на кои наводно е прикажан самиот тој со малолетни девојчиња.
Маркл Постариот, кој беше приведен на Флорида од агенти на ФБИ, се соочува со едно обвинение за поседување детска порнографија, а се очекува денеска да се појави пред суд во Тампа. Доколку биде прогласен за виновен, тој би можел да добие најмалку 20 години затвор во федерален затвор во САД, јави ДПА
英国のハリー王子の妻、メーガン妃の父親であるトーマス・マークル氏(82)が6日、米フロリダ州の介護施設でFBIに逮捕された。フィリピンとメキシコにある同氏ゆかりの場所で大量のわいせつ物が発見されたことがきっかけだった。 https://t.co/X2pjsczEWo
— Koji Takan0 (@KojiTakan0) November 6, 2026
Директорот на ФБИ, Каш Пател, соопшти дека Маркл Постариот е уапсен по истрага на Бирото, во која било утврдено дека поседувал материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца.
– Господинот Маркл наводно таргетирал невини деца и преку своите криминални дејствија се обидел да им ја одземе невиноста. Во соработка со нашите партнери од Министерството за правда, агентите брзо реагираа, го идентификуваа и го лоцираа експлицитниот материјал и го уапсија Маркл на Флорида. ФБИ ќе ги искористи сите ресурси што му стојат на располагање за да ги заштити невините деца. Ниту еден предатор што ги таргетира децата нема да најде безбедно засолниште во оваа земја или каде било каде што ќе се обиде да се скрие – изјави Пател.
– Господинот Маркл е обвинет за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, вклучително и фотографии на кои е прикажан самиот тој со малолетни девојчиња. Овие обвиненија се исклучително сериозни и против господинот Маркл ќе поведеме постапка во целосна согласност со федералниот закон – посочи првиот помошник на федералниот обвинител на САД, Бил Есали.
Постапувајќи по судски налози, агентите на ФБИ извршиле претрес во две складишта во поширокото подрачје на Лос Анџелес, кои Маркл ги изнајмувал од 2008 година, односно речиси две деценици, а последните плаќања биле извршени минатиот месец преку автоматско плаќање. Во складиштата агентите заплениле околу 78 предмети, меѓу кои дијапозитиви, филмски негативи и книги што содржеле сомнителен материјал. На две од фотографиите наводно е прикажан возрасен маж, кого сведок го идентификувал како Маркл, со голо малолетно девојче, на третата е прикажано голо малолетно девојче во просторија за која се претпоставува дека е дел од хотелски синџир на Филипините, додека на други фотографии наводно е прикажан Маркл со деца во различни фази на соблеченост.
Случајот следува откако минатиот месец неговиот син, Томас Маркл Помладиот, го пријавил во полицијата на Филипините и во ФБИ, откако наводно пронашол незаконски фотографии меѓу работите на татко му во градот Себу.
Патрик Гранди, помошник-директор задолжен за теренската канцеларија на ФБИ во Лос Анџелес, истакна дека случајот ја нагласува важноста на вклученоста на јавноста, дури и кога станува збор за членови на семејството или блиски пријатели, кои треба да бидат внимателни и да пријават доколку имаат информации за лица за кои се сомневаат дека ги злоупотребуваат и експлоатираат децата.
Маркл Постариот, кој живеел во дом за згрижување лица со деменција во САД, признал дека плаќал за сексуални услуги на Филипините, но негирал дека некогаш поседувал материјали што прикажуваат злоупотреба на деца.
Меган, која во август се врати во Велика Британија со сопругот Хари, изјави дека е „длабоко вознемирена“ од обвинувањата против нејзиниот татко, со кого не е во контакт уште од периодот пред нејзината венчавка во 2018 година. Таа откри дека во 2019 година, преку лондонската Метрополитен полиција и Одделот за кралска и специјална заштита, ѝ било доставено писмо со „вознемирувачки и загрижувачки обвинувања“ за нејзиниот татко, но дека добила уверување оти тие се истражуваат.
Метрополитен полицијата призна дека никогаш не ги споделила деталите со други полициски служби, поради што однесувањето на полицијата сега го истражува Независната канцеларија за полициско однесување (ИОПЦ). Војвотката сакала веднаш да проговори по читањето на писмото, но полицијата ја советувала да не го прави тоа, изјавија извори.




