Во Македонија денеска ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 12, а максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 17 степени.
Најстудено утрово е во Струмица, а најтопло во Демир Капија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Во Струмица денеска биле евидентирани 6 Целзиусови степени, 7 во Берово, Штип, 8 – Попова Шапка, Крива Паланка, Тетово, 9 – Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, 10 – Крушево, Битола, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 12 – Лазарополе, Охрид, 13 – Претор, Прилеп, Гевгелија, а 14 Целзиусови степени во Демир Капија.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.
Фото: Архива




