Опозицијата не сакаа да започнат пратеничките прашања на денешната собраниска седница, рече Ѓорѓија Сајкоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој за случувањата се огласи на социјалните мрежи.
Според него, ваквиот однос претставува преседан во демократската практика, а ова, како што наведува, не е првпат опозицијата да го попречува одржувањето на пратеничките прашања.
-Денеска бевме сведоци дека опозицијата не сакаше да започнат опозициските пратенички прашања. Ова навистина претставува преседан во демократијата. Опозиција да ги саботира пратеничките прашања. И ова не е првпат. Опозицијата се плаши од вистината, напиша тој на Фејсбук.




