Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во Кемеровскиот регион, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица во него, објави весникот „Известија, повикувајќи се на информиран извор.

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот.

Претходно беше објавено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во Кемеровскиот регион, е прелиминарно идентификуван како воен авион „Ан-12“.

Причините за инцидентот сè уште не се разјаснети.

Гувернерот на Кемеровскиот регион, Иља Середјук, објави дека навистина имало авионска несреќа во близина на селото Јагуново, а службите за итни случаи се на местото на настанот. (МИА)