Фудбалската репрезентација на Македонија ги заврши активностите за месец ноември со два порази и забележа пад на најновата ФИФА-листа.
Македонија на најновото рангирање е на 74. позиција, падна за три места споредено со претходната состојба во месец октомври.
Нашиот национален тим падна зад Грузија а успеа да не прескокне Исланд кој обезбеди прво место во Ц-сегментот и промоција во повисок ранг од Лигата на нациите.
Натпреварите за Македонија продолжуваат во месец март, со баражот за опстанок во Б-дивизијата




