Британските власти денеска објавија дека ќе ѝ обезбедат на Украина повеќе од 1.000 дополнителни ракети за воздушна одбрана со краток дострел, како и ракетни лансери, за да помогнат во одбраната од руските воздушни напади во текот на зимата, објавија британските медиуми.

Ракетите се дел од пакетот од 240 милиони фунти (317 милиони долари) објавен денеска, што е издвоен од 500-те милиони фунти наменети за Украина во буџетот од минатиот месец.

Властите велат дека системите се покажале ефикасни против иранските беспилотни летала со млазен погон „Шахед“, кои Русија ги користи за напад врз Украина.

Пакетот за поддршка, исто така, вклучува повеќе од десет радари за воздушна одбрана.

Испораките ќе започнат од средината на декември, надополнувајќи ги 400-те ракети земја-воздух што Велика Британија веќе ги испорача на Украина пред оваа зима. (МИА)