Американскиот Стејт департмент одобри продажба на ракетни системи HIMARS на Албанија
Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил продажба на високомобилниот артилериски ракетен систем M142 (High Mobility Artillery Rocket System/ HIMARS) на Албанија.
Главен изведувач на нарачката ќе биде Локид Мартин. Вкупната сум што ќе ја плати Тирана е 210 милиони долари.
– Предложената продажба на таа опрема и поддршка нема да ја промени основната воена рамнотежа во регионот, нагласува Стејт департментот во соопштението.




