Преговорите на ОН за регулирање на оружјето што работи со минимален човечки надзор или целосно без него, завршија со ветување за продолжување на дискусиите за усвојување нови правила во рок од две години.

Застапниците повикаа на правно обврзувачки правила на краток рок за регулирање на системите за оружје што можат самостојно да идентификуваат цели и да дејствуваат против нив, системи понекогаш наречени „роботи убијци“.

Околу 100 земји го поддржаа тој став, но големите воени сили, како што се САД, Русија и Израел, се спротиставија.

„На крајот, воените сили успеаја да постават бројни пречки за целта за усвојување на протоколот, но таа можност се уште останува отворена, со мандат за краткорочно дејствување“, рече дипломат кој учествуваше во преговорите, кои завршија по 4 часот наутро во Женева.

Претставници на 128-те земји-членки на Конвенцијата за одредено конвенционално оружје се состануваат од понеделник, во услови на растечка загриженост за употребата на смртоносни автономни системи на оружје во конфликти, вклучувајќи ги и оние во Украина, Судан и Блискиот Исток.

Генералниот секретар на ОН, Папата и Црвениот крст повикаа на цврсти и правно обврзувачки правила.