Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи изјави дека Ормуската теснина нема да биде отворена додека не се исполнат условите поставени од Техеран, нагласувајќи дека Иран истовремено е подготвен за преговори и за одбрана на земјата.
„Нашиот став е јасен – додека не се исполнат барањата на Иран, прашањето за Ормуската теснина и нејзиното повторно отворање не се на дневен ред“, рече Аракчи за иранска новинска агенција.
Тој наведе дека посетите на катарски делегации на Техеран не се невообичаени, бидејќи посредниците меѓу Иран и САД редовно патуваат меѓу земјите и пренесуваат предлози и иницијативи.




