Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц предупреди дека Русија трпи неодржливи загуби во војната во Украина, наведувајќи дека бројот на загинати руски војници месечно го надминува бројот на нови регрути.
Тој во разговор за подкастот „Шоуто на Брајан Килмид“ на Фокс њуз рече дека Русија месечно регрутира меѓу 20.000 и 25.000 нови војници, а во исто време губи меѓу 30.000 и 35.000 припадници на своите сили.
„Тоа е многу пати повеќе од загубите што ги имаа во Авганистан и се приближува до загубите што ги претрпеа во Втората светска војна, околу 1.000 дневно. Тоа е едноставно неодржливо“, истакна Волц.
Фото: Архива




