Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп инсистираше до последен момент, за време на неодамнешната азиска турнеја на Трамп, да организира негова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но тоа не се случи, изјави денеска функционер запознаен со преговорите.
Според официјалниот претставник, двете земји ја истражувале можноста за лична средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун, но Северна Кореја поставила услови што биле неприфатливи за САД, пренесува „Волстрит џурнал“.
Тој не кажа какви услови барала Северна Кореја.




