Германските вооружени сили наводно во последен момент го смениле планот за распоредување на своите војници и воена опрема за големата воена вежба „Голем орел 26“ во Литванија, со цел да избегнат непотребно провоцирање на Русија, објавија денеска германските медиуми.

Според весникот „Билд ам Зонтаг“, кој се повикува на воени извори, првично било планирано силите на 10-та оклопна дивизија да бидат префрлени во Литванија со патни конвои преку Полска, но тенковите и другите воени возила биле транспортирани со железница. Промената на планот наводно дошла поради загриженоста дека јавно видливи конвои германски тенкови на пат кон источното крило на НАТО би можеле непотребно да ја провоцираат Русија.

Одлуката, според весникот, е донесена по внатрешни консултации во рамките на aлијансата.

„НАТО вежба сценарија од реалниот свет поинтензивно отколку што правеше подолго време. За време на сите маневри, постојано се разгледува дали процедурите треба да се прилагодат со цел да се пронајде вистинскaта мерка за одвраќање и да се избегнат непотребни провокации“, изјави воен претставник на НАТО за „Билд ам Зонтаг“.

Фото: архива