Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски објави статус во кој ги потенцира бврските што државата ги сервисира. Тој објави дека за 7 години – 3 еврообврзници, 4 години – 4 еврообврзници.
Стојаноски во објавата потенцира дека бројките ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Во периодот 2017 – јуни 2024 биле отплатени 3 еврообврзници во вкупна главнина од 1,22 милијарди евра. За 7 години мандат.
Во периодот 2025 – 2028, за само четири години, доспеваат 4 еврообврзници во вкупна главнина од 2,4 милијарди евра – од кои 1,2 милијарди евра веќе се отплатени, а уште 1,2 милијарди евра следуваат во 2027 и 2028 година. За 4 години мандат, објави Стојаноски и додаде:
„И ова е само главнина, без камати.
За четири години доспева речиси 100% поголема главнина по еврообврзници отколку што била отплатена во претходните седум години.
И уште еден клучен факт: сите четири еврообврзници што доспеваат од 2025 до 2028 година се издадени во периодот 2018 – 2023.
Затоа, кога се зборува за јавниот долг, мора да се каже целата вистина:
За 7 години – 3 отплатени еврообврзници.
За 4 години – 4 еврообврзници за сервисирање.
Не е исто кој создава обврски и кој мора да ги сервисира кога ќе доспеат.
Одговорност значи обврските да се плаќаат навреме, а државата истовремено да продолжи да инвестира и да се развива“.




