Подготвуваме еден поголем пакет којшто е единствен таков во Европа, каде што студентите преку апликацијата „М-услуги“ ќе имаат повеќе привилегии и повеќе услуги во коишто ќе користат привилегии. Ценам дека кога сето ова ќе биде готово, ќе биде пријатно изненадување за студентите, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето на „Топ тема“, запрашан за тоа кое е решението за „студентскиот оброк“.
-Нормално, тие ќе бидат поканети сето тоа да го претставиме пред нив и ценам дека на овој начин многу повеќе привилегиите на студентите ќе се зголемат од тоа што се сега 140 денари за дневен студентски оброк, рече премиерот.
Тој посочи дека студентите на овој начин ќе добијат привилегии кои се повеќе од тие коишто ги уживаат денес.
„Тоа ќе зависи од договорите коишто ќе ги потпишеме со економските оператори. Некои економски оператори може да дадат привилегија којашто ќе биде 5%, некои може да дадат привилегија 20, 25, па и 50%. Затоа велам, ако тоа го упросечиме, мислам дека ќе биде многу повеќе од тоа што денес го добиваат“, посочи Христијан Мицкоски.




