Дали тој знае што е суверенитет на една држава? Ова е наједноставното контра прашање на пратеникот Тони Јаревски, која оваа дилема му ја упати на претседателот на СДС, Венко Филипче, кој вчера јавно побара помош од евроамбасадорот Рокас и праша дали тој и партијата биле предавници заради барањето на итен и безусловен внес на Бугарите во уставот. Во „Колегиум“ на ТВ Алфа, Јаревски посочи дека ова е одлична скица на дејствувањето на СДС, која со години бара некој да ги намести на власт, а не да ја освојат и добијат на избори со довербата на народот.
-Најкултурно, на неговиот настап можеме да му одговориме со едно контра прапшање: Дали знае што е тоа суверенитет на една држава?, особено како човек кој пледира да ја води еден ден, потенцира пратеникот.
-На Филипче не му веруваат ниту граѓаните, ова што го кажавте дава една убава слика, една убава скица за еден лик којшто не го бара легитимитетот во народот, во избори, во поддршката на граѓаните, ниту во своите политики на крајот на краиштата, туку го бараат некаде надвор. И за жал, тоа е одлика на СДСМ веќе некој подолг период во кој на сметка на националните интереси сакаат да наметнат некој свој бенефит или да направат некој чекор за да дојдат поблиску до власт. Практично, да не ја освојат власта на избори, туку да ја добијат на тацна. Мислам дека тоа време веќе заврши. Од друга страна, она што ние одамна го велиме е дека за за било што мора многу да се работи, да се посветиш, да се биде чесен, не можеме да бидеме совршени, се разбира дека се наидува на препреки, на предизвици, жално е кога тие предизвици ев обременуваат од внате, со некоја „колона“ внатре. За вас можеби ова се само 5 минути во емисијата, но за жал ова за некого е секојдневие и тие така работат. Не се свртени кон граѓаните за да ги детектираат нивните проблеми, да ги предизвикаат нашите решенија, да направат компарација, нешто да поддржат,, нешто да искритикуваат, да посочат, туку нивата „работа“ секојдневно е насочена на овој начин, пренесе Јаревски.
-Од една страна е жално што еден лидер на опозиција кој треба да биде некаква алтернатива го гледаме во вакво издание, но од друга страна граѓаните можат да видат со што ние се соочуваме во секојдневието. И не само во секојдневието, замислете само каков е нивниот однос во дипломатијата или во оној дел којшто е помалку формален? И што ни оставија во оставштина, колку е тоа тешко нешто да се исправи, да се поправи, да се надмиен и работите да се постават на здрава основа, објасни палстично Јаревски во „Колегиум“.
Вчера, се случи преседан во македонското Собрание, кога лидер на опозиција за првпат во историјата на независна Македониај ајвно побара помош за сменана власта и негово востоличување на Илинденска.
-И сега ќе го повикам тука напомош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен, која рече дека нè чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 2024, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода – оцени со голема доза на Фројдов комплекс Венко Филипче при расправата за веќе бајатиот и апсолвиран Извештај на ЕК.
Тој автошовинистички и мизерно јавно се пожали и си измисли наратив дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинувала и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Филипче потсети на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик, порака во која таа зборуваше за некаков идентитет на некоја си Северна Македонија и никаде не спомна МАКЕДОНСКИ, ни пред идентитет, пред јазик уште помалку.
Филипче јавно и јасно побара странска интервенција и без заддршка си кажа дека на Македонија (читај на СДСМ) и била потребна помош од ЕУ во соочувањето со измислената од СДС пропаганда со која власта демек со години ги претставувала чекорите кон членство во ЕУ како предавство.
-Предавнички ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош – рече вознемирениот Филипче.
На социјалните мрежи уште вчера веднаш се појави иницијатива, да се направи анкета за да Филипче дознае од народот и македонските граѓани што мислат за СДС и него, не Рокас, адресата му е погрешна ценат граѓаните. Прашањето би било токму онака како што го формулираше „лидерот“ на СДС:
„Има ли предавство зад уставните измени или нема?“
Што мислите вие, како ќе помине оваа анкета?




