Две просечни плати едвај ја покриваат просечната семејна потрошувачка кошничка во Германија, покажува статистиката.
Според последните податоци, просечната бруто плата за вработени со полно работно време во Германија изнесува 4.851 евра месечно Просечната месечна нето-плата во Германија за вработени со полно работно време се движи околу 2.850 до 3.100 евра. Тоа е доколку сте со полно работно време. Во Германија, медијалната нето плата за работа со неполно работно време (Teilzeit) обично се движи околу 1.800 до 2.000 евра месечно (приближно 1.901 евра според податоци на StepStone).
Од друга страна ,според најновите статистички податоци и проценки за 2026 година, во Германија просечните месечни трошоци за живот на четиричлено семејство (со вклучена кирија) изнесуваат помеѓу 4.200 и 4.800 евра.
Во превод, две просечни плати едвај ја покриваат просечната семејна потрошувачка кошничка, а доколку немате полно работно време и постојана работа, пак, животот во Германија за едно семејство станува утопија.




