Голема трагедија го потресе бугарскиот град Гоце Делчев пред неколку дена. За само неколку часа, во еден ист ден, на неговиот почеток и на крајот од денот, една по друга починале мајка и ќерка, 52 годишната Јулија Петрова и нејзината 78 годишна мајка, Николина, кои страдале од тешки хронични заболувања, пишува бугарскиот 24 часа. .
Прва од овој свет си заминала 52 годишната Јулија Петрова, а подоцна и мајка и Николина Дедова на 78 години.
„Семејството е многу почитувано во градот. Имаат многу пријатели, мошне се трудољубиви. децата се образовани и никогаш не чекале да им биде сервирано на готово“, раскажувале локалните жители.
„Таква била Божјата волја. Болката ни е голема. Се надевам дека сега двете пак се заедно на оној свет“, раскажала Нина Петрова која ги загубила и мајка си и баба и.
Возрасната жена имала неколку заболувања: висок притисок, шеќер, астма и уште некои други хронични болести.
Од пред неколку години во Гоце Делчев се прибрала и ќерка и која 13 години работела во Грција. Морала да се врати зашто и откажале двата бубрега и била принудена да биде на хемодијализа.
Јулија починала во неделата. Вечерта и се слошило во болницата, ја однеле веднаш на реанимација и ставиле кислородна маска но во еден часот по полноќ починала. Ќерка и Нина живее во Германија, но тие денови се вратила во Бугарија заради состојбата на мајка и.
Имајќи ја превид состојбата на 78 годината мајка на Јулија, во првиот момент не и кажале за смртта на ќерка и. Само и кажале дека морала да остане во болница. Кон крајот на истиот ден, додека роднините се мислеле како ќе ја однесат возрасната жена на погреб, и таа починала во болницата во Гоце Делчев.
„До последно баба не знаеше за смртта на ќерка и. Можеби така испадна подобро“, рекла внуката на Николина.
„Не обвинувам никого. едноставно Бог така решил да го заврши нивниот земен живот. Никој не знае кога ќе почине“, додала Нина која жали што мајка и си отишла на 52 години без да се порадува на внуци бидејќи таа и брат и се уште биле сами.