Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Сите патни правци во државата се проодни.

-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.