Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски присуствуваше на саемот за вработување на Бехтел- Енка, кој истакна дека причината зошто се тука е многи значајна.

-Со забрзување на динамиката на изведба на автопатот Прилеп – Битола со отвораат нови 1200 работни места, со можност за вработување на исто толку луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност, изјави Николоски.

Тој истакна дека е огромна можност за луѓе да најдата работа но исто така да стекнат искуства и знења кои што е ретка прилика да се стекнат бидејќи не се гради секој ден автопат.

-Ова е можност за млади луѓе кои што завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за градежни работници, квалификувани и неквалификувани, потенцира Николоски.

Николоски истакна дека се отвораат работни позици за: градежни и сообраќајни инженери, геодети, технилки и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници.