Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на РЕК Битола и оствари средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ.

– На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето. Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија – напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

Фото: Мицкоски/Фејсбук