Снежни врнежи ноќеска зафатија делови од Македонија, особено повисоките планински предели, поради што надлежните служби од синоќа се на терен и активно работат на расчистување на патиштата.

На видеоснимките од планинскиот превој Стража и од подрачјето кај Демир Капија може да се забележи механизацијата која е ангажирана за чистење на снегот и обезбедување услови за непречено одвивање на сообраќајот.

Од „Македонија пат“ информираат дека сите патни правци во државата се проодни, а дежурните екипи се постојано на терен со целата расположлива механизација.

На критичните планински превои се распоредени екипи, а обезбедени се и потребните количества сол и ризла за одржување на коловозите и безбедно одвивање на сообраќајот.

Надлежните служби активно ја следат состојбата и интервенираат согласно потребите на теренот.

Сепак, од претпријатието предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

До возачите се упатува апел за максимална внимателност, почитување на сообраќајната сигнализација, приспособување на брзината според условите на патот и задолжително поседување зимска опрема.

За подетални информации за состојбата на патиштата, граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Видео плејер

00:00
00:17

Во продолжение погледнете ги видеоснимките од Стража и од Демир Капија, каде што ноќеска механизацијата активно работи на расчистување на снегот.

Фото: Архива