Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од АМСМ. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила oд синоќа од 18:00 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар и на планинскиот премин „Стража“, од 22:15 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Граничен премин „Деве Баир“, од 00:20 на патот А-3 Битола-Ресен, премин „Ѓавато“, во 04:42 часот поради снежните врнежи се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на превој пат Ресен-Охрид превој „Буково“.

Известување за други ограничувања на патиштата:

Страбаг АГ Подружница Страбаг Скопје известува дека од вторник, 24 ноември 2026 година, на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се одвиваат градежни активности-менување на оштетена еластомерна дилатација на мост на km 26+913, поради што ќе бидат поставени семафори и сообраќајот ќе се одвива наизменично.

Страбаг АГ Подружница Страбаг Скопје известува дека од 25 ноември 2026 до 31 декември 2026 година, на експресниот пат А1 делница Градско-клучка Дреново, ке има времена измена на режимот на сообраќај, со соодветно пренасочување и регулирање на сообраќајот, поради санациони работи на асфалтни површини.

Страбаг АГ Подружница Страбаг Скопје известува дека од 25 ноември 2026 до 31 декември 2026 година, на Автопатот А1 делница Велес-Неготино во зоната на клучката Градско, ќе има времена измена на режимот на сообраќај, со соодветно пренасочување и регулирање на сообраќајот, поради санациони работи на асфалтни површини.

Од ДППУ „Стентон Градба“ ДОО Битола, ги известуваат граѓаните дека од денеска, 17 ноември 2026 година, сообраќајот на Регионалниот пат Р1208 делница села Калишта-Радожда кај м.в. „Елен Камен“ ќе се одвива наизменично, по една сообраќајна лента, односно ќе биде воспоставен режим на двонасочен сообраќај со наизменично пропуштање на возилата низ една заедничка слободна лента.

Од 15 ноември 2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Од АД „Илинден“ од Струга известуваат дека од среда, 28 октомври 2026 година, е воведен времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево-Охрид. Станува збор за делот Пресека-Песочан, до клучката кај Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз. Интервенцијата ќе трае се’ до комплетно завршување на санацијата.

Сезонски режим на сообраќај:

Од 15 април, патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила.

Работи на пат во регионот:

Од 10:00 часот на 13 октомври 2026 година, на патниот правец А1 делница Прилеп-Кавадарци во делот Беловодица-Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30 септември 2026 година ќе се извршуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар-Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел ќе се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не завршат предвитените градежни работи, согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29 септември 2026 година се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга-Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

Миса МГ ДОО известува дека од 24 септември 2026 година, до 15 април 2027 година се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија-Граничен премин „Богородица“, односно од исклучувањето за Гевгелија до преминот, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, односно од Граничниот премин „Богородица“ кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 9 септември 2026 година воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 6 јули 2026 година започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12 септември 2025 година започната е градежната активност, санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти-Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16 декември 2024 година, па се’ до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец Граничен премин „Блаце“-Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Фото: Архива