Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави оти разговарал со венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо и дека се придружува кон земјите-членки на Европска унија кои соопштија дека ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела доколку Владата во Каракас не распише претседателски избори.

Курц на Твитер напиша дека имал „многу добар телефонски разгиовор со претседателот Гуаидо“  и оти тој ја има целата поддршка од Австрија во обновата на демократијата.

– Доколку (претседателот на Венецуела Николас) Мадуро не одговори на апелот на ЕУ да распиште слободни и фер претседателски избори, ќе го признаеме и ќе го поддржиме Хуан Гуаидо за преоден претседател, наведе Курц.

ЕУ му дадоа рок од осум дена на Мадуро  да организира  „фер, слободни и кредибилни избори“ а во спротивно Унијата „ќе преземе мерки во однос на признавањето на лидерството“. Рокот од ЕУ истекува вечерва.

Претходно француската министерка за европски работи Натали Лоазо најави дека Париз ќе го признае Гуаидо како привремен претседател на Венецуела ако Мадуро до вечер не распише избори.

– Ако Мадури до вечер не се обврзе дека ќе организира претседателски избори, во тој случај Франција ќе го смета Хуан Гуидо за легитимен да организира избори и него ќе го сметаме за привремен претседател до одржувањето на легитимни избори во Венецуела, истакна Лоази.

Таа предлогот на Мадуро тој да организира предвремени парламентарни избори го оцени како фарса.