Вонредна состојба е прогласена во делови од Босна и Херцеговина, по обилните и непрекинати врнежи од дожд и наглото топење на снегот, што предизвика излевање на реките во некои региони, јавуваат повеќе медиуми во БиХ.

На подрачјето на Зеница е прогласена состојба на елементарна несреќа од поплавите и лизгалишта по излевањето на реките кои нанесоа материјална штета на патната инфраструктура и загрозија стамбени објекти.

Службата за цивилна заштита во Зеница ги предупреди сите физички и правни лица кои живеат и работат во крајбрежниот појас на реките Босна, Кочева, Бабина, Бистричак, како и Пепеларска и Грачаничка Река, од деловните и стамбените простории да ги евакуираат сите вредни работи кои може да бидат поплавени во случај на нагло зголемување на водостојот, пренесуваат федералните медиуми.

Во зеничката населба Тетово загрозени се 40 објекти, а локалното население си помагаат едни на други во евакуацијата. Состојбата во ова место дополнително ја отежнува затнатиот главен колектор на компанијата Арчелор Митал.

Критична е состојбата и во зеничката населба Травничка улица, каде реката Кочева се излеала и поплавила стамбени објекти и засега еден автомобил.

Алармантна е ситуацијата и во повеќе други места во Зеница.

Реки се излеани во неколку општини во Среднобосанскиот кантон и се поплавени куќи, дворишта и земјоделски површини, соопштуваат од Цивилната заштита во овој кантон.

Поплави има и во други делови од БиХ, предизвикани од обилниот дожд и силниот ветер кои втор ден им задаваат неволји на овој дел од Балканот. Предизвикани се големи материјални штети, но за среќа, досега нема повредени и жртви.

Urušavanje pomoćnog mosta na putnom pravcu Bugojno-Novi TravnikVideo: Bugojno Danas

Gepostet von Bugojno Danas am Sonntag, 3. Februar 2019