Повеќе од една деценија жителите на едно предградие на шпанскиот град Виго живеат во страв да не ги најдат своите автомобили изгребани со клуч и монети и со чепкалки набиени во брава, а зад сето тоа стои Хозе Антонио (79), кој само минатата година вандализирал повеќе од 1.000 возила.
Повеќето хулигани се обидуваат да се сокријат, но не и овој пензионер. Тој во сред ден, не обрнувајчи се на сведоци, ги оштетува возилата и со стап ги напаѓа оние што доаѓаат да го спречат. Според проценките на полицијата во 2018 година, тој нанижал 1.120 парчиња автомобили, а оваа година „одлично” му почна, бидејќи веќе постојат докази за 120 случаи.
Хозе е на барање на полицијата отишол на преглед кај психијатар, но докторот утврдил дека тој нема когнитивно пореметување, и по три дена го пуштиле од душевна болница. Експертите веруваат дека зад ова антисоцијално однесување постои целосен недостаток на емпатија.
-Тој не е болен, туку само злобен и бесен на светот”, изјави еден полициски експерт и рече дека Хозе е многу тврдоглав.
Вандалот по стари години десетици пати бил однесен во полиција за предизвикување материјална штета и физички напади и е познат во областа каде што „работи”, но не се откажува. Луѓето дури и ги налепиле улиците со плакати со предупредување со неговиот лик и се плашат да ги остават возилата надвор, додека на еден човек му го скршил носот со стап.
Полицијата проценува дека направил половина милион евра штета и тврди дека не може да го спречи, бидејќи штом ќе излезе од притвор продолжува таму каде што застанал.