До 60 илјади долари се плаќаше за билет за финалето во Супербоул во САД, во кое победија Њу Ингланд Патриотс.

„Патриотс“ ги совладаа во финалето Лос Анџелес Рамс со 10:3 и тоа е нивна шеста титула под водство на тренерот Бил Беличик и квортербекот Том Брејди.

Натпреварот се одржа во новиот стадион „Мерцедес-бенз“ во Атланта и неколку денови пред настанот поединечни билети се продаваа и за 60 илјади долари.

Цените сепак се на препродавачи.

Годинава просечната цена на билетите достигна нешто повеќе од шест илјади долари, додека најниско оценетиот билет се купуваше за 2.716 долари.

Според агрегаторот за препродажба на билети „ТикетАјКју“ кој ги следи онлајн продажбите на билети за сите важни спортски настани во САД, годинешниот „Супер боул“ стана најскапиот спортски настан во САД досега.

НФЛ финалето го следеле околу 100 милиони гледачи од САД и низ целиот свет.