Лион го нанесе првиот пораз во сезоната на шампионот ПСЖ, откако победи со 2:1 дома во дербито од 23-тото коло на француската Лига 1.

Капитенот Набил Фекир се претвори во херој за Лион, откако го реализираше победничкиот гол од пенал на почетокот на второто полувреме. Ди Марија отвори за гостите во 7-та минута, а Демебеле израмни во 33-тата.

Дуелот на „Стад де Лумиер“ понуди исклучително спектакуларен фудбал, а на трибините беше и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој пристигна во Франција, за да ги следи „принцовите“, со кои „црвените ѓаволи“ ќе се соочат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Парижаните настапија без својата најголема ѕвезда Нејмар, а не ограше ниту Марко Верати.