Стигнавме до првата недела од февруари. За некои знаци, таа носи забава, за други промени, а за трети пак ветува финансиска добивка. Прочитајте го хороскопот за оваа недела.

Овен

Добра недела за нови планови. Оваа година ја почнавте одлично и таквите аспекти ќе продолжат и понатаму.

Во љубовта ви оди одлично. Среќни сте што покрај себе имате личност што ве исполнува.

Премногу ќе спиете.

Бик

Некој го нарушува вашиот работен ритам и тешко се снаоѓате. Потрудете се да го вратите својот баланс оваа недела.

Оваа недела доаѓа до неочекуван обрт на кој не сте подготвени.

Можен е грип.

Близнаци

Работата ви е напорна и тешка. Ви недостасува храброст за промени. Ова е вистинска недела за тоа.

Семејството и партнерот ви се најголема поддршка во животот.

Спијте повеќе.

Рак

Премногу се грижите за другите иако тоа не е ваша работа. Гледајте го својот бизнис и не трошете енергија на споредни работи.

Ѕвездите ви се наклонети оваа недела.

Јадете повеќе овошје.

Лав

Сакате да имате контрола над сите работи. Тоа ќе ви оди тешко оваа недела и не го сакате таквото чувство.

Рамнодушноста и заљубеноста се менуваат од ден на ден.

Здравјето ќе ви биде добро.

Девица

Досадната работа ја претворате во забавна авантура. Ви треба малку инспирација работите да ги свртите во ваша корист.

Блискоста со партнерот ве збунува, но вие добро реагирате на ситуациите кои не сте ги очекувале.

Здравјето ќе ви биде одлично.

Вага

Прилично сте неодлучни како и секој пат кога нешто ќе одлучите. Оваа недела имате среќа да го направите вистинскиот избор.

Ѕвездите ви се наклонети во љубовта.

Конзумирајте повеќе протеини.

Шкорпија

Не го работите она за што се образувавте и тоа ве прави депресивни. Оваа недела пробајте да ги промените работите.

Кратките врски ви здосадуваат, време е за нешто посериозно.

Внимавајте на здравјето.

Стрелец

Целта е јасна, но овој пат ја промашувате. Поради тоа сте во проблеми и не знаете што да правите.

Во љубовта ве очекуваат мали проблеми.

Здравјето ќе ви биде добро.

Јарец

Работите напорно и тоа страшно ве уморува. Обрнете внимание на вашата продуктивност оваа недела.

Партнерот не ви пружа доволно внимание и поддршка.

Можни се главоболки.

Водолија

Не сакате да сте под стрес кога станува збор за работата. Лесно ќе се движите кон целта оваа недела.

Ви се допаѓа една личност која ја среќавате случајно.

Движете се повеќе.

Риби

Ќе бидете среќни и исполнети кога станува збор за работата.

Партнерот ве загрижува и поради тоа потребен е разговор.

Добро ќе се чувствувате.