Научници од Универзитетот во Тексас развија сензори базирани на вештачка интелигенција што испраќаат СМС пораки за рано предупредување дека партнерот е пред скандал, објави Декли експрес.
Сензорите ги анализираат виталните индикатори, како што се срцевиот ритам, потењето, промената на интензитетот на гласот.
На двојките на кои им претстои дека ќе имаат семеен скандал им се испраќа предупредување по смартфон за да се справат со ситуацијата.
Луѓе кои се враќаат дома може да добијат рано предупредување за скандал што ги очекува дома.
Оваа технологија била испробана на 34 двојки и сензорите можеле да распознаат сигнали за конфликтна ситуација во 79 отсто случаи. При дополнителни тестови точноста се зголемила на 96 %.