Глумицата позната по неколку акциони филмови од 80-те и раните 90-ти, Бригит Нилсен пред седум месеци, на свои 54 години го роди своето петто дете, а прва ќерка – Фрида. Актерката за списанието „Тудеј“ проговори за мајчинството и истакнува дека никогаш не се чувствувала подобро.

– Бременоста не ми беше тешка. Мислев дека во овие години нема да си ја вратам формата, но само 2,5 недели по породувањето, таа повторно беше онаа старата, нагласи Нилсен.

Претходно, глумицата и нејзиниот сопруг Матиja Деси (40) 11 години се обидуваа да добијат дете. – Тоа бара многу време и не е за секого. Мора да бидете подготвени за низа разочарувања, додава таа.

Фрида се роди кога Нилсен е во средина на шестата деценија од својот живот, со што наиде на бројни критики…

– Има луѓе кои ми велат „како се осмелуваш, можеш веќе да бидеш баба или да умреш пред таа да порасне“. Всушност, никој не смее да ме осудува. Сѐ зависи од тоа што можете да му пружите на детето. Тоа го знам како жена, денес се чувствувам подобро од кога било, вели Нилсен.