Зоопарк во Австралија организира конкурс чиј победник ќе има право да и даде име на отровна змија според името на најомразената своја поранешна партнерка.
Учесниците во натпреварот се должни да донираат еден долар во Зоолошката градина во Сиднеј и да објаснат со 25 зборови зошто името на екс-партнерката треба да го носи отровната змија.
По иронија на судбината, конкурсот е отворен пред Денот на вљубените – Свети Валентин. Победникто ќе добие сертификат и право да ја посетува змијата секој ден до следната година.
Неговото име ќе бид есоопштено на 14 февруари, Денот на Свети Валентин.