Ана Паула да Силва, попозната како Паулина, е поранешна градоначалничка на бразилскиот град Бомбинхас. Згодната политичарка присуствуваше на седицата на Собранието на Санта Катарина, а нејзиниот избор на облека за оваа пригода ги изненади многумина.
Паулина, со модната комбинација го покажа своето бујно деколте, па така за време на седницата сите гледаа само во неа.
Иако, таа во Собранието порача дека е време за работа, на многумина не им се допадна тоа. „Очекувам дека ќе ги покажете своите сподобности без соблекување”, истакна еден од мажите што седеа на седницата, додека друг ѝ рече: „Дали вие сте претставничка на проститутка?”
Собранието на Санта Катарина соопшти дека нејзината облека била во согласност со правилата.
Поранешната градоначалничка изненади со изборот на облека за во Собрание, на колегите не им се допадна нејзината комбинација.