Во средата, на 6-ти февруари, во Њујорк се одржа хуманитарна гала вечер на АмфАР фондацијата за борба против сидата, а во церемонијалната сала сè прскаше од секси познати жени и креации во кои беа облечени.
Сепак, иако имаше многу помлади дами од нив двете, победницички на вечерата , кога се во прашање фустани и деколтеа, дефинитивно се Ким Кардашијан (38) и Хајди Клум (45)!
Ким избра црн тесен фустан, со многу едноставен крој, но толку многу длабоко деколте што едвај го „сочува” од папараците најинтимниот дел од градите.