Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, почнаа светска кампања против „зголемениот“ ризик од употреба на нуклеарно оружје.
– Во овие времиња на зголемени тензии меѓу народите го повикуваме секој на итни и решителни акции за да се стави крај на ерата на нуклеарните оружја, повикува во коминике претседателот на МКЦК, Петер Маурер.
Кампањата е со адреса на сајтот sansarmesnucleaires.com и е придруенна со видео порака со цел „да се привлече вниманието на публиката кон катастрофалните хуманитарни последици што би предизвикала нуклеарна војна“.