Меланија Трамп непрекинато е анализирана од глава до пети и модно критикувана, но постојано документирани се и стилските избори на другите жени во животот на Доналд.
Неговите две ќерки беа фотографирани во исти креации. Станува збор за бело здолниште и бела блуза со пеплум од Ролан Муре.
Белите креации 37-годишната Иванка ги носеше изминатиов октомври за средбата со Кање Вест во Белата куќа.
Тифани (25) се појави со ист стајлинг на обраќањето на Доналд во Претставничниот дом на САД.