Русија располага со повеќе ракети од среден дострел од типот Новатор 9М729 (ССЦ-8 по класификацина на НАТО) отколку што се сметало. Тоа го објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг повикувајќи се на извор во разузнавањето.

Весникот нагласува дека освен во тренинг батаљони за тестови врз ракети во Капустин јар и во градот Камишлов, ракети и батаљони има и во северноосетискиот град Моздок и во градот Шуја, во близина на Москва.

Вкупно, Русија располага со 64 ракети со реден дострел што можат да носат конвенционални и нуклеарни боеви глави.

Ракетата има дострел од 2.350 км или околу 2.000 км со конвенционална 500-кг. боева глава. Во опсег им се Источна и Северна Европа. Со придвижување може да погодат која било цел во Европа, освен во Португалија.

Русија тврди дека ракетата има дострел од 480 км. Договорот за ликвидирање на ракетите со среден дострел забранува ракети со дострел меѓу 500 и 5.500 километри.