Иститутот за статистика на Албанија, ИНСТАТ соопшти дека расте бројот на малолетничките бракови во земјата.
-Во текот на 2017 година во брак стапиле 3.827 малолетни девојчиња, наспроти 120 момчиња од оваа возраст,додека во 2016 годна во брак стапиле 3.339 тинејџерки и 88 момчиња, потврдува официјалната статистиката.
Според податоците се чини дека малолетничките бракови е појава,која повеќе ги погодува девојчњата, зголемувајќи го јазот во родовата нееднаквост што ја создава оваа обврска.
Познатиот албански психолог Ариана Муча, тврди дека бројките се многу повисоки,бидејќи голем број од малолетничките бракови не се регистрирани во матичната книга на венчаните.
Причината за малолетничките бракови пред се се од економска природа.
-Семејството бракот го гледа како единствен спас од тешката економска криза во која се наоѓа па го мажи женското дете за човек кој е добро ситуиран, бидејќи во овие случаи женското дете се продава,-нагласува психологот Муча.
Малолетничките бракови во Албанија се забранети со закон ,но присуството на оваа појава потврдува дека истиот не се почитува.
Од вкупниот број бракови во текот на една календарска година во Албанија 17,4 отсто се малолетнички бракови.