На пацифичкиот северозапад падна снег, а жителите го одбележаа со заминување на санкање и скијање на околните ридови, јавија американските медиуми.
Во некои области паднала голема количина снег, а метеоролозите најавуваат нови врнежи на почетокот од следната седмица.
Во некои делови ударите на ветрот достигнувале 40 километри на час, а локалните власти на Хаваите ги предупредија жителите да бидат подготвени на поплави, и за евентуална евакуација.