Германски државјанин возел автомобил во Швајцарија со брзина од 249 километри на час на дел од патот со ограничување од 120 км/ч и освен парична казна и одземање на возачка дозвола, му се заканува и затворска казна.
Станува збор за 34-годишен Германец, кој живее во близина на Базел, кој во неделата восел со 249 км/ч на пат близу езерото Констанца, двојно повеќе од дозволените 120 км/ч.
Полицијата му ја одзела веднаш возачката дозвола и го одвела возачот во притвор.
Брзото возење во Швајцарија се третира како кривично дело, а не прекршок и предвидени се затворски казни од една до четири години.