Заменик претставникот на САД во ОН Џонатан Коен изјави на седницата на Советот за безбедност дека антируските санкции ќе останат во дејство се додека Крим не се врати во составот на Украина.
Според него, САД „не го поддржуваат и никогаш не го поддржале“ анектирањето на Крим од Москва.
Во текот на дискусијата по повод четири години од Минскиот договор, претставникот на САД ја повика Русија за негова целосна имплементација.
– Русија треба да стави крај на конфликтот, рече Коен.
Дипломатот додаде дека, како да се чини оти во Донбас има руски војници и оружје.
Во исто време, шефот на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, Ертугрул Апакан, изјави дека во извештаите на мисијата има „конкретни факти”, кои не дозволуваат да се говори за присуството на руски трупи во источните региони на Украина.