Од друга страна, Иран, конференција во Варшава, ја нарече обид на САД да ја „демонизираат” улогата на земјите на Блискиот Исток и да го поткопаат Советот за безбедност на ОН.
Во т.н „нон пејпер“, објавен од страна на иранската Влада, се оценува дека „злонамерните намери” на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп за министерскиот состанок се јасни, иако висок претставник на Полска го убедувал Техеран дека собирот не е насочен против Иран.
Во документот, се наведува дека „целите и пристрасната агенда” на состанокот најверојатно, ќе доведе до ескалација на „недовербата, хаосот, кризи и конфликти во регионот, кои веќе длабоко страда поради повеќе трагични катастрофи” .
Конференцијата во Варшава, официјално наречена Министерска програма за промовирање на иднината на мирот и безбедноста на Блискиот Исток, вклучува претставници од најмалку 10 арапски држави.