Посетата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Љупчо Николовски на Тиквешкиот регион е одложена поради трагичната сообраќајна несреќа денеска на автопатот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица.
Заев, Анѓушев и Николовски утре требаше да присуствуваат на свеченото закројување на лозовите насади на лозјата на ВВ „Тиквеш“ во Лепово.
За вечерва, како што најавија од кабинетот на Заев е закажана вонредна владина седница поради трагичната несреќа, а Заев утре ќе ги посети повредените.