Мицкоски се сретна со делегација на Фондацијата Јарл Халармарсон

/ 13.02.2019

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски придружуван од Меѓународниот секретар д-р Тимчо Муцунски, оствари средба со директорката на Фондацијата Јарл Халармарсон, Ева Густавсон, и Заменик Директорот Јенс Ахл.

Фондацијата Јарл Халармарсон е политичка фондација на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ од Шведска, Модератерна.

Мицкоски и Густавсон се осврнаа на идната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна, која се очекува во престојниот период да се одвива со засилена динамика.

Мицкоски ја информираше Густавсон за актуелната политичка состојба во Република Македонија, и тоа за растот на корпуцијата, селективното и политизирано правосудство, политичките вработувања во јавниот сектор, и за севкупната појава на заробена држава.

Мицкоски и Густавсон се согласија дека патот на Република Македонија треба да биде насочен кон членство во Европската унија и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да продолжи да дава придонес кон процесите кои подразбираат европеизација на македонското општество.


Од истата категорија