Талибанците објавија дека „на повик на пакистанската Влада“ во Исламабад ќе биде организиран состанок со претставниците на САД во рамките на мировните преговори во Авганистан.

– Состанокот со преговарачкиот тим и САД планиран е за 18 февруари, истакна портпаролот на талибанците Забиула Муџахид.

Тој додаде дека талибанската делегација ќе се сретне и со пакистанскиот премиер Имран Кан со цел „детално да разговараат за односите помеѓу Пакистан и Авганистан“.

Ниту Исламабад ниту Вашингтон не потврдија дали ќе има средба.

Талибанците ја најавија средбата додека американскиот претставник за Авганистан, Залмај Халилзад е во Брисел на средби со претставниците на ЕУ и на НАТО.

Стејт департментот во неделата соопшти дека Халилзад ќе ги посети и Германија, Турција, Пакистан и Авганистан.

Халилзад претходно изјави дека има „нацрт“ договоро но оти „има уште многу работа“.