Овогодишната Меѓународна конференција за безбедноста се отвора деенска во Минхен. Водечки теми на дводневниот офорум ќе бидат улогата на Европската унија, трансатлантската соработка како и можните последици од враќањето на на ерата на конкуренција меѓу големите сили.

Експерти од целиот свет ќе ја разгледаат иднината на контролата врз вооружувањето и соработката во одбранбената политика, е наведено на сајтот на конференцијата.

Ќе бидат разгледани и ефектите од климатските промени и технолошките иновации за меѓународната безбедност.

„Светскиот поредок се распаѓа. Идејата за меѓународен поредок, базирана на силни институции и правила усвоени од сите, тешко дека може да издржи”, изјави Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската безбедносна конференција.

Ќе присуствуваат над 40 министри за надворшени рбаоти и министри за одбрана од ЕУ и НАТО, министри од Русија, Иран, Ирак и Катар.

На конференцијата ќе биде германската канцеларка Ангела Меркел и се очекува најбројна досега американска делегација предводена од потпретседателот Мајк Пенс. Меѓу останатите. ќе биде и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, извршниот директор на ММФ Кристин Лагард како и в.д. претседателката на Светска банка, Кристалина Георгиева.   Вкупно се очекува да учествуваат над 35 државни и владини шефови како и над 50 министри за надворешни работи и 30 министри за одбрана.