На денешн ден – 15 февруари
15 февруари 2019
– Денеска е Меѓународен ден за борба против ракот и леукемијата кај децата
1710.- Роден е францускиот крал Луј Четиринаесетти, кој по смртта на својот прадедо Луј Шеснаесетти стапил на престолот во петтата година од животот и владеел се до смртта во 1774 година. Важи за владетел кој се однесувал непримерно, дури и расипнички, а од него наводно потекнува реченицата „после мене потоп“.
1763.- Со Мировниот договор во Хубертсбург завршило непријателството меѓу Австрија и Прусија во Седумгодишната војна. Прусија ја здржала Шлезија која ја одзела од Австрија со што станала една од водечките светски сили.
1839.- Во Велес е роден Рајко Жинзифов, македонски писател, преродбеник и публицист. Во своите песни го опеал тешкото минато на македонскиот народ. Најпознато негово дело е поемата „Крвава кошула“. Умрел во Москва, на 15 февруари 1877 година.
1857.- Во Берлин умрел Михаил Иванович Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Тој ја компонирал првата руска национална опера „Иван Сусањин“, како и операта „Руслан и Људмила“. Компонирал оркестарски дела, камерна музика и романси. Роден било во Новоспаско, кај Смоленск, на 1 јуни 1804 година.
1861.- Роден е англискиот филозоф Алфред Норт Вајтхед, еден од најзначајните англосаксонски мислители на 20. век. Сметал дека филозофијата има судбинско социјално-историско значење. Поважни дела: „Расправа за универзалната алгебра“, „Оганизација на мислењата“, „Истражување на принципите на природните знаења“, „Науката и модерниот свет“, „Процес и реалост“.
1898.- Почнала американско-шпанската војна во која САД од Шпанија ги презеле Филипини, Гуам, Порторико и Куба (при што Куба доби независност).
1922.- Во Хаг се одржала првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.
1942.- Јапонските војници во Втората светска војна го зазеле Сингапур и заробиле 85.000 британски војници.
1971.- Велика Британија преминала на децимален паричен систем.
1991.- Лондон и Буенос Аирес ги обновиле целосно дипломатските односи кои биле прекинати во 1982 година за време на неуспешниот обид на Аргентина од Велика Британија да ги одземе Фокландските острови во Атлантскиот океан.
1993.- Парламентот на Словачка го избрал Михал Ковач за прв претседател на државата по мирниот распад на Чехословачка.
1994.- Извршена била смртната казна на рускиот сериски убиец Андреј Чикатил, „Ростовски мевосек“, кој силувал и искасапил повеќе од 50 лица.
1994.- Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс соопштил дека Австралија ја признала Република Македонија.
1994.- Во Скопје умрел Љубомир Белогаски, академски сликар, графичар и педагог, еден од основоположниците на македонското современо сликарство. Роден бил во Делчево, на 15 април 1911 година.
1996.- Во експлозија во складиште за муниција близу претседателската палата во Кабул, главнот град на Авганистан, загинаа најмалку 60 лица.
2001.- Заедничката дипломатско-експертска комисија за утврдување и опис на државната граница меѓу Репубилка Македонија и СР Југославија ја завршила својата четиригодишна работа.
2003.- Во 400 градови во 60 земји со учество на околу 10 милиони луѓе се оджале најголемите антивоени демонстрации од војната во Виетнам. Протестите се одржале поради намерите на САД и Велика Британија без одлука на Советот за безбедност на ОН да го нападнат Ирак.
2013.- Шведскиот фотограф Пол Хансен ја освоил наградата „Волрд прес фото“ за 2012 година за фотографијата на која било прикажано носењето на погреб на две дечиња кои биле убиени за време на израелски ракетен напад. Фотографијата била избрана од вкупно 103.481, доставени од 5.666 фотографи од 124 земји.
2018.- По тешко боледување почина Абдилаќим Адеми, кој беше член на ДУИ, а извршуваше и високи државни функции. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Беше член на ДУИ од основањето на Централниот одбор и претседател на огранокот на ДУИ за општина Јегуновце. Дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, а во Германија на Техничкиот универзитет стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Адеми беше оженет и татко на еден син. Роден е на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево.