Малку кој на поранешната манекенка од Мичиген би и дал 64 години: Кристи Бринкли не престанува да воодушевува со витката линија што ја има благодарение на активниот животен стил. Својата линија ја покажа на плажа во францускиот Антиб каде се одмора со ќерката Саилор.
Бринкли се мажеше четири пати и роди три деца (од кои две после 40-тата) и за неа јавноста не престанува да се интересира. На плажата на југ на Франција ја снимија папараци во друштво со 19-годишната ќерка Саилор, која исто така се занимава со манекенство.
Саилор и е ќерка од четвртиот брак со архитектот Питер Кук, со кого се разведе во 2008 година по 12 години брачен живот. Тогаш кружеа приказни за неговиот тежок карактер, неверствата, бескрајното его и нарцисоидноста. Разводот бил толку мачен што Саилор подоцна се пожалила дека се уште има трауми.