Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да разработи планови за формирање вселенски сили кои ќе бидат дел од военовоздушните сили.
Трамп се согласи на таа варијанта наместо претходно кога побара посебно министерство за вселенска армија.
Трамп изјави дека вселената е „иднината и следниот чекор“.
– Треба да бидеме подготвени. Мојата влада смета дека формирање вселенски сили е приоритет за нашата национална безбедност, изјави тој.
– Нашите противници се во вселената, независно дали тоа нам ни се допаѓа или не, додаде трамп. Тој потоа потпиша документ со кој бара од министерот за одбрана да подготви нацрт закон за формриање вселенски сили.