Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски“ во скопската општина Аеродром.
Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, кој бил третиран во операционата сала на оваа ординација.
– Во врска со случајот на починатиот пацинет во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, на ден 22 и 23.02.2019 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инпекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ спец.ординација по пластична и реконструктивна хирургија „ Др сци мед. К. Митаноски „ лоцирана во општина Аеродром. Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопствениокот кој е носителот на дејност согласно решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала каде е повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пациент е третиран во оваа сала, информираат од ДСЗИ.
Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравствена дејност во наведената ординација со поставување на службена лента, а за кое во наредните денови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки.